Дејан Манасков на последниот натпревар што го одиграл за Телеком Веспрем против ККФТ Веспреми во Унгарското првенство, заработил тешка повреда на коленото. Поради оваа повреда Манасков ќе го пропушти Европското првенство, кое на програмата е на почетокот на 2022 година.

Манасков ги скинал лигаментите во коленото. Тој ќе мора да биде опериран, а рехабилитацијата од ваквата повреда трае од шест до девет месеци. Ова ќе биде голем хендикеп за селекторот Кире Лазаров бидејќи остана без стартното лево крило и еден од најдобрите стрелци во репрезентацијата .

Македонија на Европското првенство ќе се натпреварува во А-групата против Данска, Словенија и Црна Гора. Првиот меч Македонија ќе го одигра во Дебрецин, на 13.јануари 2022 година, против Словенија.