Екипата на Тиквеш има импресивна серија на домашен терен и ја забележа шестата победа во седмиот натпревар во салата Јасмин.
Овој пат жртва на кавадарчани беше тимот на Бутел.
Целиот натпревар мина во доминација на домаќините и на полувреме резултатот гласеше 14:10.
Второто полувреме не донесе ништо ново и Тиквеш го одржа водството до самиот крај на мечот за конечна победа пд 29:25.
Творци на победата беа Симиќ, Стефановиќ и Јанчев сите тројца со по 5 погодоци, а неверојатен на голот беше Марјан Велков за кој Бутел немаа решение и запиша 8 одбрани. Кај Бутел со 5 гола најефикасни беа Митев и Мојсоски.
Сега Тиквеш ја дели четвртата позиција на табелата заедно со Тинекс Пролет со по 24 бода.
Овој меч се одигра без публика поради суспензијата на теренот во Кавадарци од два меча за инцидентот со Охрид.