Португалците го отворија натпреварот со серија од 3-0, но Унгарците во продолжение од полувремето заиграа подобро и набрзо имаа водство од 12-10, меѓутоа Португалија на полувреме замина со 15-14.
Во текот на цело второ полувреме Унгарија имаше водство, кое во завршницата изнесуваше три гола (27-24), но Португалија успеа да се врати во резултатска неизвесност со мини-серија (28-28), но Унгарија со гол во последните секунди од мечот славеше со 31-30.
Соуза, Соареш и Родригеш постигнаа по пет голови за Португалија, додека Мате со седум погодоци беше најдобар кај Унгарија.
Мате го постигна и победничкиот гол во последните секунди од натпреварот.