Македонскиот репрезентативец Дориан Бабунски го напушта Ботев Враца и се сели во унгарскиот Дебрецен. Ќе му се придружи на својот брат Давид Бабунски кој го носи дресот на Дебрецен.
Кога се очекуваше дека Дориан ќе подише за Рапид Виена дојде до пресврт во настаните и Дебрецен реагираше побрзо и го доведе македонскиот напаѓач во своите редови.
Унгарците ќе ја платат отштетната клаузула од 100.000 евра и Дориан ќе потпише договор кога ќе ги мине медицинските прегледи.