Необична ситуација можевме да видиме на натпреварот од ЕХФ Лига Европа, второто најсилно клупско ракометно натпреварување во Европа. Фуксе Берлин играше на гости во Швајцарија кај Винтертур со големи проблеми со повреди и инфекција со коронавирус. Тренерот на берлинскиот тим Јарон Сиеверт на тој начин имаше само еден голман на располагање, поранешниот вардарец Дејан Милосављев.
Сепак, уште поголем проблем настана во средината на вториот дел. Додека се кршеше натпреварот, српскиот голман заработи две минути исклучување и со тоа го стави својот тим во невидена ракометна ситуација – играч мораше да стапне на голот. Оваа одговорност ја презеде легендарниот данско крило Ханс Линдберг (40).
Изгледаше многу подобро од очекуваното. Тој веднаш во првиот напад на Винтертур по исклучувањето на Милосављев му одбрани чист гол на левото крило Џоел Брам на големо задоволство на соиграчите.
https://twitter.com/HandballHour/status/1491127263362174976?s=20&t=PkAs9xYiqDanuQJwYqQTpg
Потоа прими два гола, но никој нема да му замери бидејќи и тој постигна фантастични 10 гола од исто толку удари и го доведе Фуксе до победа 30:27.