Хрватска е поразена од Словенија со 26:33 (15:17) во првиот подготвителен натпревар пред настапот на Европското првенство, одигран во среда во салата Златорог во Целје.
Најдобри стреци на ослабената Хрватска со по пет гола ги предводеа Лука Шебетиќ и Лука Циндриќ, а мрежата трипати ја затресе Иван Чупиќ. Во словенечката репрезентација Блаж Јанц и Гашпер Маргуч постигнаа по седум гола, а Јуре Доленец три пати.
До почетокот на Европското првенство во Унгарија и Словачка (13-30 јануари), хрватските ракометари ќе одиграат уште два подготвителни натпревари во рамките на Купот на Хрватска во Осиек, на 6 јануари против селекцијата на Босна и Херцеговина, а на 8 јануари против Русија.
Во првото коло на Европското првенство избраниците на Хрвоје Хорват ќе одиграат натпревар на 13 јануари против Франција. Во истата група се и Србија и Украина.
Пласман во второто коло од групната фаза на натпреварувањето ќе изборат двете најдобри репрезентации од секоја од шесте групи.