Тој втора сезона успешно го брани голот на Порто, за што најдобар доказ е фактот што освои 1.768 гласови од вкупно 3.387 читатели на порталот, кои решиле да учествуваат во анкетата. Битолчанецот беше во конкуренција со голманското дуо на Бенфика, Сергеј Ернандес и Густаво Капдевил, како и со чуварот на мрежата на Спортинг, Мануел Гашпар.
Митревски минатата сезона освои тројна круна во Португалија и на добар пат е да го повтори ланскиот успех со своите колеги и во оваа сезона. Во Лигата на шампионите, Порто забележа победи над Келце, Фленсбург и Динамо, а одигра реми и со актуелниот освојувач на Лигата на шампионите, Барселона. Тој се очекува да биде еден од најголемите адути и на македонскиот селектор, Кирил Лазаров, на претстојното ЕП во Унгарија и Словачка.