Колумбискиот новинар Цезар Аугусто Лондоно, кого на Твитер го следат повеќе од милион луѓе, објави дека Ливерпул сериозно влегол во преговори со Порто за Луис Дијаз.
Њукасл го сака и Колумбиецот кој игра на позицијата лево крило, но Ливерпул наводно е во пол позиција. Се споменува обештетувањето од 70 милиони евра, а на Ливерпул му се брза бидејќи Клоп наводно го сака Дијаз веднаш во тимот откако Салах и Мане заминаа на Купот на нации.
Скај Спортс објави дека стоперот на Јунајтед Аксел Туанзебе е на чекор од Наполи.
Англискиот 24-годишен дефанзивец би бил позајмен од Италијанците до крајот на сезоната, а утре би требало да пристигне на лекарски преглед.