Тимот на Maнчестер Сити во текот на минатата недела претрпе дури три порази од Тотенхем во Лига Купот, потоа од Борнмут во Премиер лигата и вчера од Спортинг во ЛШ.

Португалскиот гигант триумфираше со 4-1 во вчерашниот натпревар во Лисабон, а хет-трик постигна Швеѓанецот Виктор Ѓокереш. За напаѓачот на Спортинг владее голем интерес во европскиот фудбал и го следат повеќе гиганти и со вчерашниот настап сигурно само дополнително си ја зголеми цената.

По настапот на Ѓокереш неговите бројки ги истакнаа од Фудбалската федерација на Шведска од каде што објавија констатација на УЕФА од претходно за Ѓокереш и Халанд.

УЕФА пред натпреварот објави дека Ѓокереш има 22 гола сезонава во сите натпревари, а Халанд 17, но по натпреварот Швеѓанецот дојде до бројката од 25 погодоци.