Напаѓачот на Фламенго, Бруно Енрике се најде под истрага поради сомневање за местење натпревар во бразилската прва лига.

Бразилецот има два настапи и за репрезентацијата, а во Европа го носеше дресот на Волсбург е под сомневање дека намерно добил црвен катон и донел заработка на членови од неговото семејство.

Во поразот на Фламенго од Сантос (2:1) во ноември 2023 година напаѓачот доби жолт картон во финишот од средбата поради прекршок, а потоа поради претераната реакција кон судијата беше исклучен.

Според информациите на истражувачката полиција забележани биле сомнителни уплати на членови на семејството на фудбалерот дека ќе заработи црвен картон. Неколку медиуми во Бразил пренесуваат дека братот, снаата и братучедот на Енрике отвориле сметки на обложувачки сајтови на денот на натпреварот со Сантос и се обложиле.

Фламенго застана зад својот фудбалер, но и најави дека целосно ќе соработува во истрагата.