Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски заедно со Рајо Валјекано одигра 1-1 против Манчестер јунајтед на последниот тест пред почетокот на новата сезона.
Кристијано Роналдо конечно се врати во тимот на „црвените ѓаволи“, но одигра само 45 минути, колку што бранеше и Димитриевски.
Во вториот дел од мечот Амад Диало погоди за водство на „ѓаволите“ од 1-0, по што Алваро Гарсија стрелаше за 1-1.