Женската фудбалска репрезентација на Англија славеше со 2-1 против Германија и го освои Европското првенство (ЕП) за првпат во својата историја, и тоа откако претходно имаше два неуспешни обиди во 1984 и 2009 година.

За првиот гол на натпреварот мораше да се чека до 62. минута кога Ела Ан Тун го пронајде патот до мрежата на Германките за водство од 1-0 на Англија, по што Лина Магул израмни на 1-1 во финишот и избори продолженија.

Херој на англиската репрезентација беше Клои Кели, која во 110. минута ја затресе мрежата на Германките за втор гол и победа од 2-1 на Англија, со што на еден начин ѝ се одмазди на Германија за поразот во финалето на ЕП во 2009 година од 2-6.