По двата порази по ред, Јувентус дојде до триумф, старата дама со 2-0 победи на гостувањето кај Салернитана.
По дебаклот на Стемфорд Бриџ во Лигата на шампионите и домашниот пораз од Аталанта во Серија А, Јувентус се израдува на победа.
Дибала уште во 21. минута донесе водство на Јувентус, а седум минути подоцна можеше да биде и 2-0, но ВАР го поништи погодокот на Кјелини.
Конечните 0-2 ги постави Алваро Мората во 70. минута, само четири минути подоцна откако влезе во игра.