Лука Модриќ и Винисиус Жуниор буквално врескале на соиграчите, барајќи од нив да покажат поголем ангажман на теренот.
„Проблемите на теренот и надвор од него стануваат сè поголеми и ситуацијата би можела целосно да ескалира. Капката што ја прели чашата беше недостигот на интензитет кај тимот на Реал Мадрид, кој беше проследен со свирежи од трибините на „Сантијаго Бернабеу““, пишува шпанскиот весник „Дон Балон“.
Во соблекувалната, Модриќ, како капитен и Винисиус, како еден од главните фудбалери, барале од соиграчите да направат промени во својот пристап. Иако критиките биле израз на гнев и фрустрација, пораките носеле и охрабрување за надминување на кризата и избегнување на понатамошни падови. Хрватот и Бразилецот потсетиле дека Реал Мадрид е тим кој има традиција на борба и пресврти, особено во ЛШ. Тие ги повикале соиграчите на самокритика, учење од грешките и на заеднички напори за повторно воспоставување на тимската хемија.