Ѕвездата на Фиорентина, Душан Влаховиќ би сакал да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид, но во овој момент „кралскиот“ клуб е фокусиран на Килијан Мбапе и на Ерлинг Халанд, како најголеми приоритети за летниот преоден рок.
Младиот српски напаѓач по завршувањето на сезоната дефинитивно ќе ја напушти Фиренца, иако цената што ја бара „виола“ од 70 милиони евра е навистина висока.
Многу клубови се заинтересирани за Србинот, Манчестер Сити, Јувентус, Тотенхем, Интер, но сонот на Влаховиќ е Реал Мадрид.
Засега шансите се мали, но на лето се можни многу комбинации, посебно ако Мбапе или Халанд се решат за промена на планот.