Во натпревар во кој тренерот Ерик Тен Хаг им даде шанса на 21 фудбалер, Јунајтед почна да доминира уште во првото полувреме. Во 17. минута Антони Марсијал го отвори резултатот на додавање на Диего Далот, а по неполни 15 минути во второто веќе беше 3-0. Дони Ван Де Бек зголеми само две минути откако влезе во игра, а Џејдон Санчо ја направи предноста недостижна. До крајот, Кристал Палас само го ублажи поразот со погодокот на Џоел Ворд.
Ова е веќе трета победа на Манчестер во три меча од претсезоната и тоа сите ефикасни. Почна со 4-0 против Ливерпул, а со 4-1 го надигра домашниот Мелбурн Викторија. Остануваат уште три пријателски средби за Тен Хаг и неговите избраници до почетокот на сезоната во Премиерлигата, со Астон Вила, со Атлетико Мадрид и со Реал Сосиедад.