Аргентинскиот волшебник Лионел Меси конечно го освои трофејот кој му недостигаше во колекцијата, а тоа е пехарот од Светското првенство откако денеска со Аргентина славеше на пенали против Франција.
Меси постигна два гола за Аргентина и така постави нов рекорд бидејќи го надмина легендарниот бразилски напаѓач Роналдо.
Аргентинецот стигна до бројката од 26 голови на големите турнири за Аргентина, односно 13 на СП и 13 во Копа Америка, односно еден повеќе од Роналдо.