Како се приближуваат кон крајот на кариерите, дел од фудбалерите знаат да „стават“ некој килограм повеќе на своите дотогаш идеални телесни пропорции, но тоа што го направил Бразилецот Валтер, поранешен освојувач на Лига Европа со Порто, е на сосема друго ниво.
Тој важеше за голем потенцијал, но денеска, со само 32 години, личи на сумо-борач, иако се уште е активен на фудбалскиот терен настапувајќи во бразилската Серија Д. Валтер неодамна потпиша за екипата на Амазонас од оваа конкуренција, во чиј дрес дебитира во четвртфиналето од амазонското првенство против Фаст. Не бил задоволен од својот настап, со оглед што имал само два тренинга со новите соиграчи, а згора на тоа поради тежината едвај се движеше на теренот.
Тој за Порто одигра 33 средби и постигна 16 голови, а во 2010 година триумфира во јужноамериканскиот Копа Либертадорес со бразилски Интернационал.