Црвени картони, голови и тензично финале во кое збор даде видео технологијата. На крајот, дербито од 15. коло од јужноамериканските квалификации за Светското првенство меѓу Еквадор и Бразил заврши нерешено (1:1), а Кариоките продолжија со импресивнaта серија без пораз.
Судирот меѓу Алисон и Пресијад во третата минута од продолжението донесе дилема која беше решена само со ВАР анализа, а технологијата рече дека немаше пенал за домаќинот. Без најстрога казна изостана евентуална победа на Еквадор, која ќе ја прекинеше серијата од девет дуели без славје на селекторот Густаво Алфар.
Бразил го постигна водечкиот гол во 6. минута по корнер, а незгодната реакција на одбраната на ривалот Каземиро ја претвори во гол. Работата на Бразилците дополнително беше олеснета со исклучувањето на Александар Домингез во 15. минута. Сепак, силите беа израмнети со ново исклучување само пет минути подоцна откако Емерсон Ројал доби втор жолт картон.
Во натпреварот десет на десет и двете селекции имаа свои шанси, но резултатот не се промени се до 75. минута кога Еквадор израмни по центаршут од корнер. Најснаодлив пред голот на Бразил беше стоперот Феликс Торес кој од првата статива со глава ја проследи топката во мрежата.
Возбудувањата на стадионот Родриго Паз Делгадо го достигнаа својот врв во судиското продолжение кога Алисон се судри со Презиад. Првата реакција на колумбискиот судија Ролдан беше да му покаже втор жолт картон на голманот на Бразил и да досуди пенал, но по ВАР анализата оправдано ја смени одлуката и Бразил остана непоразен на патот кон Катар.