Габриела Хоуел е една од најпопуларните британски фудбалерики. 22-годишната играчка од средниот ред на Сатон Јунајтед на Инстаграм ја следат 170.000 фанови, но во интервју за The Sun таа истакна дека има големи проблеми со машките фанови и е жртва на сексизам на социјалните мрежи.
Иако напорно тренира два пати на ден и сериозно ја работи оваа работа, Хауел вели дека на жените во фудбалот сè уште се гледа со скептицизам: „Ја освоивме лигата оваа сезона, но ми дофрлуваат дека тука сум поради изгледот а не поради знаењето“, рече таа.
Таа исто така истакна дека напалените мажи често ја вознемируваат: “Ми пишуваат одвратни работи под фотографиите на кои играм фудбал. Ако го означам мојот клуб на објавата, изгледа срамно. Го сакам фудбалот и сакам високи потпетици, па што ?”
Таа објасни и зошто не ги брише ваквите коментари. “Младите девојки сакаат да бидат популарни, но често не го знаат негативниот аспект на таа приказна. Нема сите да те сакаат, мора да имаш дебела кожа. Тие коментари ги оставам да видат со што треба да се справат во нивните кариери“, заклучи таа.