Лионел Меси беше стрелец на единствениот погодок за „светците“ кои во самиот финиш останаа без победата, меѓутоа и резултатот од 1-1 беше доволен за пехарот број десет во нивната историја.
И на оваа средба дел од навивачите го изразија своето незадоволство, имаше свирежи кон играчите, а еден од нив беше Лионел Меси. Ова им стана навика на дел од симпатизерите по неуспехот во ЛШ, но за истите воопшто нема разбирање тренерот Маурисио Покетино.
-Свирежите против Меси? Тоа е неверојатно. Овие се тешки работи за прифаќање. Тешка ситуација за замислување и која според мене не може да се разбере. Уште повеќе со големината на Меси она што го дава и ќе продолжи да му го дава на фудбалот, -истакна Покетино за „ЕСПН Аргентина“.