Фудбалскиот клуб Рома се уште го нема комплетирано преодниот рок, особено поради неодамнешната повреда на Џорџинио Вајналдум.
Холанѓанецот заработи фрактура на коската на ногата, ќе мора да паузира најмалку три месеци и Жозе Мурињо смета дека му требаат засилувања во средниот ред пред почетокот на Светското првенство во Катар.
Се споменуваше Саша Лукиќ од Торино, но всушност најголема желба на Мурињо е Денис Закарија.
Тој во Јувентус пристигна во зимскиот преоден рок од Борусија Менхенгладбах, но се чини дека Масимилијано Алегри не е многу ентузијаст за него.
Закарија има 25 години, игра како последен играч од средниот ред, да речеме дека е сличен профил на играч како Вајналдум.
Деталите не се познати, освен што Мурињо рече е решен на се или ништо за да го доведат до крајот на преодниот рок.
Да потсетиме, веќе е познато дека наскоро ќе потпише Андреа Белоти, кој е слободен играч, а со Закарија, Рома на Мурињо навистина би станала кандидат за Скудетото.
Претходно како најголемо засилување пристигна Пауло Дибала, но и Немања Матиќ, Миле Свилар, Зеки Челик . Закарија треба да го замени Вајналдум кој летово пристигна од Пари Сен Жермен.