Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах е меѓу најдобрите играчи на денешницата, а тоа го потврдува и на стартот од новата сезона.
Салах е и големиот амбасадор на Египет во светот, а статусот што го има во неговата земја го покажува одлуката што ја донесоа владејачките структури во египетското образование.
Имено, основните училишта во Египет ќе го воведат предметот „Мохамед Салах“, а целта ќе биде да ја изучуваат националната гордост, претставувањето на нацијата, но и да ги научат децата како може да станете голема ѕвезда од малите рурални средини, а притоа да останете скромен човек и човечка величина .
Предметот ќе биде дел од културата, што ќе им помогне на децата во нивниот развој.
Книгите наскоро ќе бидат отпечатени, а самиот Салах ќе ги посети училиштата и ќе одржи еден од часовите со децата за време на неговиот одмор во родниот Египет.
Египќаните дојдоа до оваа идеја да му се заблагодарат на Салах барем на еден начин за се што направи за да го промовира Египет на светски фудбалски план, но и повеќе од тоа.