Роналд Куман синоќа доби отказ од клупата на Барселона, што значи дека ќе инкасира вистинско богатство од клубот поради предвременото раскинување на договорот.
Сите релевантни медиуми на Пиринеите утринава објавија дека Роналд Куман ќе инкасира дури 12 милиони евра обештетување, што стои во договорот на Холанѓанецот со каталонскиот клуб.
Тие 12 милиони евра се рекорд што Барселона ќе му ги плати на тренер како отштета за предвремен раскин на договорот. Ваквата бројка е уште пострашна за Барселона ако се земат предвид големите финансиски загуби и долгови со кои се соочува овој фудбалски гигант.
Куман за отказот дозна во авионот синоќа по враќањето од Мадрид , каде загби од Рајо Ваљекано. Ова му го соопшти претседателот на клубот Жоан Лапорта по средбата со клупските челници кои беа присутни во текот на летото.