Реал Мадрид бара достојна замена за Тиба Куртоа, кој е неприкосновен меѓу стативите на кралскиот клуб, а по најавата дека Андриј Лунин ќе ја промени средината, пристигнува информација дека Давид Оспина од Наполи би можел да му се приклучи на шпанскиот шампион, пренесува Марка .
Неговиот договор со „наполитанците“ истекува на 30 јуни, а во тој случај Реал би можел „бесплатно“ да го добие искусниот колумбиски голман.
Со евентуалното доаѓање на Оспина, Реал би имал двајца голмани од светска класа како Куртоа и Оспина, а остатокот од ростерот на оваа позиција би го пополнувале играчи од младинската селекција.
Предноста Оспина да стигне до Реал е соработката со Карло Анчелоти во Наполи, а иако тој не би бил прв голман, неговото искуство многу би му значело на кралскиот клуб на патот кон новите предизвици во претстојната сезона.
Оспина е член на Наполи од летото 2018 година, претходно половина деценија мина во Арсенал, додека претходно играше за Ница и Атлетико Национал.