Спортскиот директор на Интер, Џузепе Марота, откри дека италијанскиот првак ова лето најпрво го контактирал Масимилијано Алегри за да го преземе тимот од „Џузепе Меаца“, а дури кога тој план пропаднал, се активирал Симоне Инзаги од Лацио.
По прославата на Скудетото, Интер на малку изненадувачки начин го загуби Антонио Конте, па раководството на клубот се најде во неблагодарна ситуација за да најде достојна замена за трофејниот тренер.
Алегри во тоа време сè уште беше слободен бидејќи Андреа Пирло го водеше Јувентус, а Марота сакаше да ги обнови контактите од Торино за време на заедничката соработка.
„Пред да го земеме Инзаги го повикавме Алегри. Не мислевме дека Инзаги ќе го напушти Лацио, додека Макс припаѓаше на профилот на тренерите за кои сме заинтересирани“, изјави Марота.
Тој додаде дека Интер му се јавил на Инзаги додека тој бил на вечера со претседателот Клаудио Лотито, па Симоне малку се нашол засрамен во целата приказна.
На крајот успеа да го убеди да си замине од клупата на „небесно сините“ по половина деценија, што му пропадна на планот на Мароти повторно да направи шокантен трансфер на Алегри.
Тоа го направи во 2014 година, кога го донесе од Милан и го отвори патот за петгодишна доминација на Јувентус во италијанскиот фудбал.