Атлетико Мадрид оствари минимална победа (0-1) на гости против Џирона откако во драматичен дуел славеше со голот на Алваро Мората во судиското продолжение.
Мората погоди во 90 минута, а потоа следуваше детална и долга проверка во ВАР собата. На крајот, голот беше признат, а натпреварот траеше 103 минути. Сепак, со среќен крај за Атлетико Мадрид, кој сега со 48 бода се наоѓа на третата позиција на табелата во Ла Лига.
https://twitter.com/Reinaldodcg9/status/1635399896525340673?s=20