Фудбалерите на Барселона направија уште еден големи чекор кон освојување на шампионската титула во Ла Лига откако во 27 коло, со убедливи 4:0 славеа на гостувањето кај Елче.

Со новата победа, Барселона на 11 кола до крајот на сезоната, има 71 бод, 15 повеќе од второпласираниот Реал Мадрид кој својот натпревар од ова коло против Валјадолид ќе го игра утре.

 

Роберт Левандовски со својот 16-ти гол, го отвори резултатот во 20-та минута. До крајот на првиот дел немаше промена на резултатот а во вториот дел, Барселона за 14 минути постигна три гола и ги освои бодовите.

 

Прво, Ансу Фати во 56-та минута погоди за 0:2, ја повлече топката од половина терен и со извонреден удар од 16 метри го совлада голманот на Елче.  Десет минути подоцна Левандовски  го постигна 17-от гол во Ла Лига сезонава на асистенција на Гави. Конечниот резултат го постави Феран Торес по една соло акција во 70-та минута.