Претседателот на Барселона, Хоан Лапорта, вложува максимални напори да го привлече Ерлинг Халанд. Трансферот на Норвежанецот ќе биде од големо значење не само на спортски, туку и за позициите на клубот надвор од теренот. Затоа, иако каталонците се уште не ги надминале финансиските проблеми, овој трансфер се смета за многу важен стратешки потег.

Сепак, конкуренцијата за Халанд е сериозна, а минатата недела се појави информација дека таткото на напаѓачот на Борусија Дортмунд дури потпишал и договор со кој Реал Мадрид има пол-позиција во преговорите за голгетерот.

Доколку Халанд сепак не дојде на „Камп Ноу“, Барселона има поинаков план.

Според каталонски „Спорт“, целите се веќе познати. Тоа се Александар Исак и Жил Кунде. Двајцата играчи ќе имаат многу понуди во текот на летото, со нив се поврзуваат многу премиерлигаши, но и Барселона ќе има што да им понуди на шведскиот напаѓач и на францускиот дефанзивец.