Македонскиот интернационалец, Стефан Чолаковски донесе победа за Перт Глори во пресметката со Бризбејн Роар во првата лига на Австралија.
Домаќините беа упорни и во вториот дел направија комплетен пресврт за конечни 3-2 со тоа што клучниот гол беше дело на Чолаковски во 78 минута. Поранешниот младински репрезентативец на Македонија се најде на вистинското место и биеше неодбранливо во противничката мрежа за ерупција на трибините.
Ова за Стефан беше 6 гол на 15 сезонски меч во А-лигата.
Екипата на Перт со 19 бода се наоѓа на 10 место на табелата.