Со вечерашните дуели во Верона и Торино во кои победи остварија Наполи и Јувентус беше комплетирано првото коло од новата сезона во Серија А.

На сите десет натпревари видовме голови, а воедно ниту едно реми што одамна не се случило на отварањето на кампањата во најсилната италијанска конкуренција. Имено од сезоната 1971-72 немало ваква почетна рунда со тоа што тогаш лигата имала 16 клубови, додека денеска имаме 20 тимови.
Тогаш биле остварени 6 победи на домаќините и 2 на гостите, додека сега имавме по пет трумфи за домашните екипи и исто толку за гостинските состави. Претходно прво коло без реми имало во 1933/34 и 1934/35.

Воедно овие резултати од првата недела се необични и поради една друга причина, никогаш досега тимовите кои минатата кампања ја завршиле во Топ 8 не успеале да слават на почетокот на наредната.

Сега тоа го направија Милан, Интер, Наполи, Јувентус, Лацио, Рома, Фиорентина и Аталанта.