Каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека Барселона ја заврши потрагата по наследникот на Роналд Куман и во текот на денешниот ден, поранешниот капитен на клубот и официјално ќе биде именуван за нов тренер.
Тоа што го навестија медиумите се реализира, Чави Ернандез ќе биде новиот тренер на Барселона.
Весникот „Спорт“ кој прв ја објави веста за отказот на Куман, денеска ексклузивно пишува дека се е договорено Чави Ернандез да седне на клупата на Барселона.
Каталонскиот тим ќе му плати на катарскиот Ал Сад еден милион евра за да му дозволи на Чави да се врати во клубот во кој помина најголем дел од играчката кариера.
Но, тој нема веднаш да седне на клупата на Барселона, туку за време на ноемвриската репрезентативна пауза, а дотогаш екипата на натпреварите против Алавес, Динамо Киев и Селта ќе ја предводи поранешниот тренер на Барселона Б и директорот на Ла Масија, Алберт Капелас.