Дефанзивецот на Челзи Бен Чилвел ја заврши сезоната, а лондонскиот тим веднаш тргна во потрага по замена во зимскиот преоден рок.

На врвот на листата на Тухел е Лукас Дињ, кој е подготвен да го напушти Евертон.

Покрај него, тука се и Сержињо Дест кој е десен бек но може да одигра и како лев , за чиј потпис конкуренција ќе има и во Ајакс и левиот бек на Ајакс , Николас Талиафико, кој сезонава не игра многу кај Ерик тен Хејг.

Доколку не успеат да склучат некаков договор, најверојатно од позајмица ќе го вратат Емерсон кој е во Лион. Друга опција е порано раскинување на соработката меѓу Ковентри и младинецот на „сините“, Иан Матсен.

Чилвел ги повреди вкрстените лигаменти на натпреварот со Јувентус од Лигата на шампионите, кој „сините“ го добија со 4:0.

По неколкунеделно набљудување, лекарскиот тим на Челзи донесе одлука да го испрати фудбалерот на операција, што значи крај на сезоната.