Русија уште еднаш ја истакна својата намера да се кандидира за Олимписките игри во 2036 година.
Олимпискиот комитет и тамошното Министерство за спорт треба да го изберат најпогодниот град за организирање на најмасовното натпреварување.
Потенцијални градови кандидати се Санкт Петербург и Казан.
Русија ги организираше Летните олимписки игри 1980 во Москва и Зимските олимписки игри 2014 во Сочи.
Меѓу другите земји кои размислуваат за кандидатура е Германија, која сака да покаже дека е променета во однос на 1936 година, кога Игрите се одржуваа за време на нацистичкиот режим под команда на Адолф Хитлер.
Следните Игри се во Париз 2024 година, потоа Лос Анџелес 2028 година и Бризбејн четири години подоцна.