Јапонскиот ски-скокач Риоју Кобајаши победи на квалификациите во Оберсдорф, првата станица од традиционалните четири скокалници.
Кобајаши до првото место стигна со скок од 129 метри што му донесе вкупно 149,3 поени.
Второто место го зазеде Карл Гајгер, водечкиот во генералниот пласман, со скок од 127,5 метри, освојувајќи 144,9 бодови.
Третото место им припадна на Норвежаните Халвор Егнер Гранеруд (126,5 м) и Андре Јохан Форфанг (132 м) кои собраа по 144,5 поени.
Во првата серија од натпреварот, која е на програмата во среда од 16:30 часот, се пласираа 50 натпреварувачи.
Во финалната серија ќе поминат 30 скокачи, победници од 25 дуели и пет „лесни губитници“.