После лошиот старт на Барселона и сивилото кое го зафати каталонскиот гигант конечно неколку добри вести.
Регионалните власти, за првпат од појавата на пандемијата на корона вирусот, дозволија стадионот „Камп Ноу“ да се отвори со полн капацитет. Со поддршката од трибините секако дека ќе биде полесно.
Ансу Фати е веќе целосно подготвен, а против Валенсија сите пчекувааат да дебитира и Серхио Агуеро, но тешко дека ќе биде меѓу стартните единаесет.
Валенсија на стадионот „Камп Ноу“ нема победа веќе пет години, но ова е една нова Барселона која ни малку не личи на таа во последните 5 години.
Натпреварот се игра вечерва со почеток од 21:00.