Португалецот мина голем дел од својата кариера настапувајќи во Премиер лигата во дресот на Манчестер Јунајтед, каде што настапува сезонава, поради што Велика Британија и Кралицата ги смета за свои.
„Осма сезона од кариерата ја минувам живејќи во Англија, период во кој не чувствував ништо друго освен огромна љубов кон Обединетото Кралство и кон Кралицата. Сочувствувам со тагата на британскиот народ и моите мисли и молитви се со кралското семејство“, напиша Роналдо.
Поради смртта на британскиот монарх, средбите од Премиер лигата овој викенд се одложени.