Ден по поразот од Хрватска во полуфиналето на Европското првенство во ватерполо во Сплит, Италијанците целата вина за неуспехот ја префрлија на судиите.
Италијанските ватерполисти се особено лути на судиската одлука на минута и пол пред крајот, кога беше досуден пенал за Хрватска при резултат 10:10. Харков од петерец го постигна победничкиот гол за Хрватска.
„Таа одлука е срамна. За да не победат, мора да прават вакви работи. Горд сум на моите момчиња“, изјави по натпреварот тренерот Сандро Кампања за РаиСпорт.
„Судијата Путниковиќ од Србија измисли петерец против нас. Пред голот Фатовиќ прави чист прекршок врз голманот Никозија, а тој одигра петерец против нас. Вакво нешто одамна не сум видел .Штета за многуте грешки.Во некои ситуации најискусните ги промашуваа ударите,но го разбирам притисокот под кој беа.Ова не е критика,туку охрабрување за во иднинат.Горд сум што ја тренирам оваа извонредна група која може да оди многу далеку“, рече Кампања.
Така „аѕурите“ ќе треба да се соочат со светскиот шампион Шпанија во дуелот за бронза. Последното италијанско финале беше во Загреб во 2010 година, кога Хрватска победи со 7:3 за единствениот европски триумф во историјата.
Хрватска во финалето во сабота ќе игра против Унгарија.