Хрватскиот селектор Ивица Туцак го коментираше драматичниот пласман во финалето на Европското првенство.
Хрватите ги совладаа Италијанците со 11:10 и изборија финале со Унгарија на турнирот во Сплит.
„Ова е млад тим за кој многумина не веруваа дека може вака да игра на СП и на ЕП. Во Будимпешта не успеавме да освоиме медал затоа што моравме да одиме на Шпанците, тоа се случи и во 2020 година. Шпанците се главни фаворити, но со Унгарците не можат. И минатото лето загубија за бронза на Олимписките игри во Токио, загубија и сега“, рече Туцак.
Туцак одговори на жалбите на неговиот италијански колега Алесандро Кампања за судиските одлуки на крајот од полуфиналето, со оглед на тоа што судиите и доделија на Хрватска пенал од кој Харков го постигна победничкиот гол.
“Ќе останам спортист до крај. Секогаш подавав рака по натпреварите кога губев. Загубив за светскиот бронзен медал од Грција, па не пуштив ниту едно видео, ниту се пожалив за поништениот гол на Буриќ. Не протестирав,на пуштав видеа, како што прават сега Италијанците. Нека чесно и хумано ја пуштат снимката од натпреварот и нека видат кој беше критериумот кога Хрватска се одлепи“.
Унгарците ги чекаат Хрватите во финалето.
„Не знам дали се сеќавате на моите зборови, но реков дека еден натпревар се добива со напад, но турнирот се добива со одбрана. Ова се некои аксиоми на спортот, како што рече големиот српски кошаркарски тренер Светислав Пешиќ .Репрезентацијата не ја прават, во нашиот случај 13-те најдобри играчи, туку 13-те играчи кои најдобро соработуваат меѓу себе. Хемијата е клучот за се и успеавме“, заклучи Туцак.
Финалето на Европското првенство во ватерполо е в недела од 20:30 часот во Сплит.