Канадската ватерполо репрезентација се повлече од Светското првенство во Унгарија поради коронавирусот.
Во канадската репрезентација пет играчи беа заразени со коронавирус, па беше одлучено да се повлечат поради „здравјето и безбедноста на другите учесници“.
„По размислување и слушање на советите на лекарите и по разговорот со играчите, донесовме тешка одлука да се повлечеме од Светското првенство во Будимпешта. Одлуката е донесена за да се заштити здравјето и безбедноста на сите учесници, што е приоритет. “, се вели во соопштението на канадскиот ватерполо сојуз.
Канаѓаните играа во групата Ц во Будимпешта и досега одиграа само еден натпревар против Шпанија кој го загубија со 19:2. Преостанатите два натпревари против Италија и Јужна Африка ќе ги загубат со службен резултат.