Шпанскиот тренер Ернесто Валверде по трет пат ќе седне на клупата на Атлетик Билбао, објавија шпанските медиуми.
Тоа е епилогот од изборите во клубот од Сан Мамеш на кои победи Јон Уријарте.
Валверде беше кандидат на Уријарте за тренер и наскоро треба и официјално да биде претставен како шеф на стручниот штаб.
Поранешниот шпански напаѓач ја започна својата тренерска кариера во баскискиот клуб, каде прво беше асистент во сезоната 2001/02, а две години подоцна самостојно го водеше тимот.
Потоа работеше во Еспањол, Олимпијакос, Виљареал и Валенсија, а во 2013 година се врати во Атлетик, каде беше до 2017 година.
Следуваше покана од Барселона која Валверде не можеше да ја одбие и на клупата на Каталонците седеше до 2020 година.
Претходните две години Валверде беше без ангажман.