Одличниот грчки тенисер Стефанос Циципас е победник на АТП турнирот во Мајорка. Тој во финалето по три сета борби го победи Шпанецот Роберт Баутиста-Агут .
Организаторите на силниот АТП турнир во Мајорка годинава не дочекаа домашнен тенисер шампион. Иако претходно го исфрли првиот носител Данило Медведев, Роберто Баутиста-Агут сепак потклекна против вториот носител во финалето.
Подобар по голема борба во три сета беше Стефанос Циципас, грчкиот тенисер кој на турнирот пристигна како втор носител и успеа да ја потврди својата класа на трева по поразите од Штутгарт и Хале во вторите кола.
По освојувањето по еден сет на двете страни со брејк предност, следеше решавачки трет сет кој се претвори во голема битка. Имаше Циципас 4:1 и сервираше за мечот на 5:3, но сепак мораше да победи преку тај-брејк.
Таму беше многу убедлив, отвори со 4:1 и дојде до 7:2 и победа. Ова е втора титула за Циципас годинава по Мастерсот во Монте Карло.
АТП Мајорка, финале:
Стефанос Циципас (Грција, 2) – Роберто Баутиста-Агут (Спа, 5) 6: 4, 3: 6, 7: 6