Герет Бејл тренираше со Кардиф, Велшаните сонуваа за негово враќање во татковината, шпекулациите растеа, но најголемата тамошна фудбалска ѕвезда донесе сосема поинаква одлука кога е во прашање изборот на нов клуб.

Според еден од најинформираните новинари кога се трансферите во прашање, Фабрицио Романо, Герет Бејл ќе стане нов фудбалер на Лос Анџелес Галакси!

Како слободен играч, Бејл ќе се пресели од Реал Мадрид во Лос Анџелес и следната година ќе го носи дресот на Галакси, со можност за продолжување на соработката.

Галакси ова лето веќе донесе една ѕвезда на европскиот фудбал, тоа е прекалениот италијански стопер Џорџо Киелини, а сега во тимот ќе му се придружи и одличниот Бејл.

Крилниот напаѓач дојде во Реал од Тотенхем во 2013 година во трансфер вреден над 100 милиони евра, потоа стана еден од најплатените играчи во историјата на фудбалот, но никогаш не се избори за статусот на голема ѕвезда во Мадрид, иако со „кралскиот“ клуб 32-годишниот освои дури пет трофеи во Лигата на шампионите.