Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид, Порто и Монако, капитенот на колумбиската репрезентација, Хамес Родригез го одигра најдобриот натпревар во последните неколку години за својот национален тим. Плејмејкерот со две асистенции им овозможи на колумбијците да стигнат до првата победа на Копа Америка. Дуелот од првото коло од групата Д, на „НРГ стадиум“ во Хјустон меѓу Колумбија и Парагвај заврши со победа од 2-1 (1-0) за Колумбија.
Муњоз во 32. минута и Лерма десет минути подоцна ги искористија асистенциите на Хамес и донесоа водство од 2-0 за фаворизираниот колумбиски состав. Подмладениот парагвајски тим ја намали предноста со голот на Хулио Енцисо во 69. минута. Сепак, до крајот Парагвајците немаа шанса за втор гол и реми.
Аргентинскиот судија Дарио Херера покажа на белата точка за Колумбија, заради влечењето за дрес врз Мина, но по прегледувањето на снимката ја смени одлуката и го поништи пеналот. Колумбијците ја сочуваа предноста и направија голем чекор кон четвртфиналето.
Во вториот натпревар од првото коло во групата Д, ноќва се среќаваат Бразил и Костарика.