Италијанскиот актуелен шампион Наполи оствари убедлива победа над Фиорентина со убедливи 3-0 и обезбеди финале во Суперкупот на Италија.

Првиот гол на натпреварот го постигна Симеоне во 22. минута, по што Фиорентина погоди преку Белтран, но голот беше поништен поради офсајд од ВАР-технологијата.

Фиорентина имаше голема шанса за израмнување во 44. минута, но не реализираше удар од белата точка.

Наполи го скрши тимот од Фиренца во завршницата кога Ѕербин постигна два голови за победа од 3-0.

https://twitter.com/i/status/1748084555452485719

Во второто полуфинале на Суперкупот играат Интер и Лацио.