Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата квалификациска пречка на Грен Слем турнирот Вимблдон кој се игра на трева во Лондон.
Ѓорческа по голема борба загуби од Американката Саша Викери по два тај-брејка, со резултат 6-7, 6-7. Мечот против 138. рангираната тенисерка траеше час и 45 минути, а Македонката одлично парираше и во двата сета на повисокорангираната ривалка.
Првиот тај-брејк, Викери успеа да го добие со 7-1 во поени, додека вториот тај-брејк заврши со резултат 7-5.
Лина Ѓорческа оваа сезона настапи и на Австралијан Опен и Ролан Гарос, но не успеа да ги мине првите квалификациски пречки.
Ѓорческа за самиот настап во квалификациите за Вимблдон заработи 20.000 долари.