Реал Мадрид и Барселона во недела на 16 октомври од 16 часот и 15 минути ќе го одиграат првото „Ел Класико“ оваа сезона.
Денеска пристигна и официјалната потврда за датумот на првиот дуел меѓу шпанските гиганти, пред кој Реал Мадрид е во многу подобро расположение .
Карло Анчелоти на оваа пауза не загуби ниту еден играч, додека Барса беше погодена од ,,ФИФА вирусот”.
Роналд Араухо заработи повреда поради која ќе го пропушти и Мундијалот, а Жил Кунде и понатаму е голем знак прашалник за дуелот со Реал. Исто така Мемфис Депај ќе мора да мирува еден месец, па Чави Ернандез е во големи проблеми.
Не треба да се заборави дека пред „Ел Класико“ Барса има двомеч со Интер, а на крајот на октомври дуел со Баерн, додека Реал има полесен распоред во текот на октомври, бидејќи ривали му се Осасуна, двапати Шахтјор, Хетафе, Елче, Севиља, РБ Лајпциг.