Новиот стратег Тиаго Мота не победи ниту на вториот пријателски натпревар како тренер на Јувентус. „Старата дама“ ремизираше прогив францускиот прволигаш Брест во Пескара само една недела по убедливиот пораз во Нирнберг со 3-0.

Дуелот меѓу учесниците во евро-куповите од Италија и Франција заврши со четири голови во вториот дел, иако шанси и добар фудбал се играше и во првото полувреме (2-2). Поведоа гостите со голот на Камара на почетокот од второто полувреме, но брзо возврати Влаховиќ и со гол од пенал го израмни резултатот.

Следеше прво водство на домашната екипа кое го обезбеди Данило, на додавање на Даглас Луиз, но Камбиен на сеудм минути до крајот го постави конечниот резултат. За Јувентус дебитираа новајлиите Даглас Луиз, Кефрен Турам, Де Грегорио и Кабал.

<

Шампионатот на Италија почнува на 17/18 август, а Лига 1 едeн ден претходно.