Шпанскиот шампион Реал Мадрид игра во одличен ритам и оваа сезона, додека раководството на клубот веќе бара засилувања за иднината, а главна желба на „кралевите“ е Џуд Белингам од Борусија Дортмунд.

За англискиот фудбалер се заинтересирани Ливерпул, Челси, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и уште неколку гиганти, но германските медиуми пишуваат дека тој решил да го засили шпанскиот првак.

Младиот фудбалер сака да замине од Дортмунд следното лето и да се приклучи на најдобриот европски тим во моментот, каде што треба да го наследи Лука Модриќ, кој полека, но сигурно ќе замине во пензија.

Меѓутоа проблем за „кралевите“ би можела да биде сумата која треба да ја издвојат за овој трансфер, а таа со сите бонуси би изнесувала 137 милиони евра.