По три победи во низа и по успешна групна фаза во Лигата на шампионите изгледаше дека Интер излегол од резултатската криза, која го зафати од почетокот на сезоната, но доби приземјување во Торино, во „дербито на Италија“ против Јувентус.
„Старата дама“ славеше со 2-0, со два гола во второто полувреме, откако Интер ги пропушти своите шанси. Србинот Филип Костиќ се покажа како една од клучните фигури асистирајќи и при двата погодока. Прво истрча повеќе од пола терен и го проигра Рабио, кој го отвори резултатот во 52. минута, а потоа во 84. прецизно го најде 21-годишниот Фаџоли, кој го постави конечниот резултат.
Јуве и порано постигна втор гол, преку Данило, но по прегледувањето во ВАР-собата, беше поништен поради игра со рака на Данило. Сето ова се случуваше во вториот дел, но во првиот, Дензел Думфрис имаше колосална можност да го отвори резултатот и само успеа да го префрли целиот гол од непосредна близина.
Интер остана на 24 бода, но сега падна на седмата позиција, а Јуве е петти со 25.